Вести Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Член 101 од Изборниот законик го определува траењето на гласањето, нема одредба за продолжување на неопределено време-како што најави Даштевски

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски рече дека гласањето ќе трае на неопределено време односно додека не гласаат сите кои се во или во близина на избирачкото место, односно во дворот на објектите каде се сместени избирачките места. Не покажа документ или писмена одлука односно само се повика на Изборниот законик без да укаже определена одредба.

Даштевски не посочи ниту време кога ќе се затворат избирачките места.

Инаку на ланските параментарни избори со Уредба на владата поради пандемијата времетраењето беше продолжено до 21 часот, но само за тие избори затоа што потоа уредбата престана да важи.

Од друга страна во Изборниот законик кој го има на веб страната на ДИК, чиј претседател е Даштевски стои целиот текст и членот 101 кој го регулира времетраењето на гласањето.

Изборен законик

                                                                   6.Времетраење на гласањето

Член 101

(1) Гласањето започнува во 7,00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот, a во ДКП односно конзуларните канцеларии се почитува временската разлика во земјата, односно од 07:00 до 19:00 часот согласно со сметањето на времето во соодветната земја.

(2) Во 19:00 часот гласачкото место се затвора, а на избирачите кои се затекнале во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат.

(3) Избирачкиот одбор може да го затвори гласачкото место и пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член, по претходна согласност од надлежната општинска изборна комисија, ако гласале сите избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список но не отпочнува со броење на гласовите пред 19:00 часот.

Во одговор на прашање на Телма Даштевски не прецизираше, туку порачуваше да се прочита Изборниот законик. Еве што кажа претседателот на ДИК:

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Сплотени и солидарни да ги надминеме искушенијата, од несреќа и неволја да излеземе помудри, подобри и похумани

Дејан Дејан

Mир и спокој во душите, добрината и мудроста да бидат наш патоказ кон подобра иднина – велигденска честитка од Филипче

Дејан Дејан

Мицкоски: Светлината на Воскресението да биде водилка во заедничките напори за праведно и хумано општество

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе