Според јавувањето на Александра Филиповска, новинарот на ТВ Телма од Државната изборна комисија, претседателот на ДИК Даштевски најавува дека изборниот молк ќе се продолжи до затворање на сите избирачки места.
Како што е познато, поради премиерната употреба на „фингерпринт“ апарати имаше повеќе застои на многу избирачки места поради што на најмалку 11 места е продолжено времето за гласање после 19 часот.
Даштевски и изјави на новинарката на Телма дека ќе се гласа на сите избирачки места во државата, каде во дворовите и во просториите на избирачките места (училишта, градинки, државни институции и општински простории) се затекнати избирачи. „Мора на сите да им се овозможи правото на глас, а за тоа сме согласни сите во комисијата“-рече Даштевски.
Од ДИК расправаат дали изборниот ден, а со тоа и молкот да биде продолжен до 22 часот поради тоа што на едно избирачко место во Ново Село прекинот траел 2 часа и 55 минути, по што е донесена одлука на тоа место гласањето да се продолжи до 22 часот.
Засега не е објаснето во ДИК, која законска одредба е користена за да биде донесена одлука за продолжување на изборниот молк.
Граѓаните во редици поради проблеми со читачите на отпечатоци