Локални избори 2021 Македонија Најважни

Граѓаните во редици поради проблеми со читачите на отпечатоци

Прв пат се користат и уште од отварањето на избрачките места предизвикаа главоболки кај избирачките одбори и кај гласачите кои мораа да чекаат подолго од вообичаеното за да го остварат своето право на глас.

Од ДИК соопштија дека се јавуваат два проблеми, лошо ракување или лош квалитет на базата на податоци, а според она што може да се види на терен најчесто проблеми има кај повозрасните граѓани.

Проблеми со читачите на отпечатоците се регистрирани во речиси сите општини како во Скопје така и во останатиот дел од државата. Поради застојот во гласачкиот процес 11 гласачки места ќе затворат во 20 наместо во 19 часот а на 6 места се гласа со спреј и УВ лампа.

На гласачките места во основното училиште „Песталоци“ во центарот на Скопје, граѓаните чекаа петнаесетина минути за да го остварат своето право на глас.

Причина за поспориот тек на гласањето повторно се читачите на отпечатоци

Пробелми со процесот на идентификација имаше и на гласачките места во училиштето “Владо Тасевски“ во населбата Козле.

За да се реши проблемот со турканиците пред избирачките места од ДИК испратија инструкции до избирачките одбори да пуштаат гласачи на местото колку што има гласачки кутии.

За сума од 11 милиони евра, државата купи 4.000 терминали за читање на отпечатоци од  германската фирма „Дермалог“. Според процедурата со нив смеат да ракуваат само претседателот на избирачкиот одбор и неговиот заменик кои за таа цел поминаа обука.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе