Ковид19 Македонија Топ вести

Со над 260 активни случаи – Штип е со највисока стапка на заразени од коронавирус во Македонија

Масовното тестирање на работниците во една штипска конфекција, семејните дружби по домовите и кафеаните, поголем дел од граѓаните не ги носат маските низ фабриките и  автобусите, тоа според епидемиолизите е причината за вчерашните рекордни 60, но и активни над 260 случаи со коронавирусот. Епидемиолошките анкети покажуваат дека работниците не одговараат на прашањето дали ги носат маските во автобусите или во процесот на производство.

Граѓаните не ги сфатија сериозно мерките. Не се откажуваат од социјалниот живот. Се собираат и се дружат без маски и почитување на мерките. Навистина не може да се одреди каде опасноста од вирусот е поголема, дали на работа или дома. Мислам дека тука има повеќе работа за инспектратите“, вели Марија Димитрова од штипскиот Центар за јавно здравје.

Локалната власт, но и на епидемиолозите препорачуваат на фирмите каде што се појавуваат поголем број на случаи превентивно се затворат, а работниците да се пуштат на годишен одмор.

Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски апелира сите да ги почитуваат мерките, во спротивно ќе  се применат и репресивните мерки од страна на надлежните институции.

Штип е со највисока стапка на заразени со коронавирус на 100.000 жители во државата. За само пет дена се регистрирани 130.

Дел од текстилните компании по појавата на првите случаи на вирусот во нивните погони се одлучија самите да си прават скрининг.

Сметаат дека на тој начин ги заштитуваат работниците и заразата да не се шири низ фабриката, но и ова им укажува колкав временски период ќе им мирува производството.

На штипското инфективно одделение се примени 53 лица, од кои 33 се штипјани.

Вкупниот капацитет е 60, а веќе се прават и планови каде новите пациенти ќе се лекуваат. Во дворот на кочанската болница од утре почнува мерењето за поставување на мотнажна болница, која ќе биде поврзана со овој објект.

Но, новиот ковид центар на истокот треба да биде подготвен за септември.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе