Вести Македонија Топ вести

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Поранешниот министер за локална самоуправа Златко Перински е именуван за нов директор на Фондот за здравствено осигурување. Рокадата на позициите следува откако Сашо Клековски кој ја изршуваше функцијата прв човек на ФЗОМ беше избран за министер за здравство, а на местото на Перински по реконструкцијата на Владата за министер за локална самоупрва е избран Иван Стоиљковиќ.

Перински е именуван за директор на ФЗОМ на денешната владина седница на предлог на министерот за здравство.

Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Пред да биде избран за министер за локална самоуправа, тој ја извршуваше функцијата генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, а беше и управител на СЦ „Борис Трајковски“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Граѓаните штедат, ама и се задолжуваат

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе