Владината наредба очигледно не беше доволна. Една година откако се донесе заклучокот на Влада со кои се задолжија сите институции кои имаат долг кон ЕСМ да го платат и тоа во рок од три месеци, од тогаш до сега електрани од вкупно 16 милиони евра побарување, успеале во сопствената каса да вратат само 5 милиони евра.

Од компанијата за Телма велат дека со некои должници успеале да склучат и договори парите да ги враќаат на рати. Сепак и покрај ваквите обиди да си ги приберат парите, и натаму министерства, универзитети, општини, агенции, јавни комунални претпријатија, болници му должат милиони на ЕСМ за испорачаната струја и топлинска енергија.
Меѓу најголемите должници се јавува клинички Мајка Тереза. Клинички за време на енергетската криза се соочи со опасност да остане без струја. Освен на ЕСМ должат им должат и на други снабдувачи. Вкупно треба да платат околу 5 милиони евра.
Ваквите ненаплатени побарувања го продлабочуваат минусот и на државните електрани. Компанијата се потешко ги враќа и своијте долгови. Па, така заклучно со првиот квартал оваа година ЕСМ има доспеани, а не платени обврски од над 55 милиони евра.
Со ваквите бројки најголемиот производител на струја во земјава често е во друштво на најголемите должници, но и на оние со загуби.
Во минатото ЕСМ беше едно од омилените места за работа, но веќе подолго време се соочува со потешкотии во работењето и се прави обид да се подобри финансиската состојба.
Се променија повеќе раководства, но проблемите во компанијата не се надминаа.
Ирена Чачкова
