Вести Македонија Топ вести

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Десетици повеќегодишни дрвја беа откорнати на повеќе локации низ Стар Дојран во силното невреме што синоќа ја зафати општината. Поројните дождови и силниот ветер искорнаа јавори, борови и багреми  кои оштетија натсрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кров на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа од Општина Дојран.

„Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер, кое за среќа помина без повредени, но со значителна материјална штета. Екипите на ДППД Дојран, доброволци и екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите дрвја и санирање на штетите. На терен ќе останат сè до целосно расчистување на последиците“, објави доцна синоќа на својот Фејсбук-профил градоначалникот на Дојран, Илија Тентов.

Тентов упати апел до граѓаните да пријават непроодни улици, поплавени домови и подруми, за надлежните служби да можат навремено и соодветно да интервенираат.

Фото: ФБ профил на градоначалник на Дојран, Илија Тентов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе