Вести Македонија Топ вести

Не чувствувам морална одговорност, ако ситуацијата беше поинаква првата оставка ќе беше од мене – вели градоначалникот на Гостивар

Грдаоначалникот на Гостивар Валбон Лимани рече дека не се чувствува морална одговорност за епидемијата во Гостивар.

На прес-конференцијата тој посочи дека директорката на ЈП „Комуналец“ е суспендирана заедно со уште неколку лица кои се одговорни за градскиот водовод. Лимани ги повика институциите да ја завршат нивната работа објективно, и дека ќе соработуваат со нив до расчистување на случајот, и надминување на состојбата. Тој рече дека не сака никој однапред да биде прогласен за виновен.

„Јавното претпријатие е правно лице кое менаџира и работи во овој сегмент. Граѓаните на Гостивар знаат дека доколку ситуацијата беше поинаква, првата оставка ќе беше од мене“ рече Лимани.

Тој потврди дека проблем со водата има, но и дека редовно се прават контроли на квалитетот од страна на Институтот за јавно здравје.

Локалната самоуправа ќе објави број на кој граѓаните кои не се во можност да обезбедат вода за пиење, да им биде донесена поблиску до нивните домови. Тој искажа благодарност до сите компании поединци кои деновиве се ангажираа за да се надмине недостигот на вода за пиење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе