Вести Македонија Најважни

Клековски: Бројот на лица кои побарале медицинска помош е над 3.000, четворица се хоспитализирани од кои едно дете

Четири лица се задржани на болничко лекување од кои тројца се возрасни, а едно дете, како последица на труењето во Гостивар, информира министерот за здравство, Сашо Клековски.

Тој додаде дека бројот на лица кои побарале медицинска помош е над 3.000. Според Клековски, растот на бројот на пациенти е поради фактот дека податоците за бројот на заболени кои биле споделени со јавноста за време на викендот се однесувале само на бројот на пацциенти кои побрале лекарска помош во болницата во Гостивар, а не и во здравствениот дом.

Најголем број (600-тини) биле регистрирани на 18 јули. Повици биле евидентирани и во службата за Итна помош чии екипи интервенирале во 112 случаи.

Хронлошки, според Клековски првиот наплив на пациенти е забележан на 14 јули кога лекарска помош побарале околу 300 пациенти и од тогаш бројот на заболени растел секојдневно. На 15 јули со симптоми на дијареа се пријавиле над 500 пациенти,  на 16 јули – 380, на 17 – 572, а на 18 околу 649. Од вчера бројот на граѓани кои побарале здравствена помош почнал да се намалува.

Клековски истакна дека министерството за здравство ја добило првата службета информација за состојбата во Гостивар во петокот околу 13 часот од надлежниот Центар за јавно здравје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе