Она што започна како поединечни случаи, прерасна во сериозна здравствена состојба што го вознемири Гостивар и целата јавност. Повеќе од 1.500 граѓани побараа медицинска помош, прогласена е епидемија на гастроентеритис, а причинителот сè уште не е утврден. Испитувањата траат, и сè уште не се знае причината. Агенцијата за храна и ветеринарство на 17.07.2026 година издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба, а на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат дадените мерки за користење на безбедна вода.
Анкета: Дали институциите беа доволно транспарентни и навремени во информирањето на граѓаните?
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
