Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите, e предвидено да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски.
Исто така, на настанот на основање на Комората ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во Македонијa.
Потоа предвидено е да се одржи панел-дискусија на тема „Зајакнување на економската соработка и трговската размена меѓу Кина и Македонија: можности, предизвици и идни перспективи“.
