Најмалку 27 лица загинаа, осум се наоѓаат во критична состојба додека над 60 се повредени по пожарот што ноќеска избувна во бар во популарниот кварт Чатучак во Бангкок.
Според очевидци, пожарот избувнал во близина на сцената и многу брзо се раширил низ целиот објект. Официјалната причина за пожарот сè уште се истражува, изјави премиерот Анутин Чарнвиракул. Пред јавноста пренесе сведоштво на музичар кој настапувал во барот во моментот на избивање на пожарот.
„Ми рече дека огнот почнал кај прекинувачот и оти потоа се одвивало страшно брзо. Се слушнале експлозии и сите се обидувале да избегаат од чадот и пламенот. Многу луѓе не успеале да излезат од барот, бидејќи тргнале кон задниот дел, со надеж дека во тоалетите же најдат спас од чадот и огнот. Токму таму се пронајдени најголем дел од телата“, рече премиерот на Тајланд.
Insane visuals of Bangkok resturant massive fire which has killed at least 30 people as of now. Exact cause of fire unclear as of now. Many injured in hospitals nearby. #Thailand pic.twitter.com/bFdgLgvfgp
— Aditya Raj Kaul (@AdityaRajKaul) July 12, 2026
Половина час им било потребно на пожарникарите да го стават огнот под контрола. Но, и покрај нивната брза интервенција, загинаа девет мажи и 18 жени. Првичните резултати од истрагата упатуваат дека најголем број од жртвите починале поради вдишување на чад, изјави Суријачаи Равиван, шеф на Одделот за катастрофи во Бангкок. Меѓутоа нагласи дека се неопходни натамошни вештачења за тоа и официјално да се потврди.
