Вести Македонија Најважни

Пратениците ќе разрешуваат досегашни членови на Владата и ќе избираат нови

Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата.

Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ) ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, актуелниот министер за локална самоупрва ќе биде разрешен и ќе ја преземе директорската функција во Фондот за здравствено осигурување каде на чело е Сашо Клековски (ВМРО-ДПМНЕ), кој пак се очекува да биде избран од Собранието за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу.

За министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати (Вреди). Цветан Трипуновски, ќе биде разреше од функцијата министер земјоделство, шумарство и водостопанство, а на негово место ќе дојде Борче Серафимовски (ЗНАМ). Фатмир Лимани, треба да биде разрешен од министерската позиција во социјална политика, демографија и млади, а таа позиција да ја преземе Ѓоко Велковски (ВМРО-ДПМНЕ). Зоран Љутков, ќе биде разрешен од министерската позиција во култура и туризам, а на негово место е предложен Седат Сулејмани (Вреди). На местото на Шабан Салиу, министер без ресор, е предложен Ерџан Демир (ВМРО-ДПМНЕ).

На седницата се очекува преседателот на Владата, Мицкоски да ја образложи смената на министрите, која ја најавуваше подолго време.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, кој трае најмногу два дена. Членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјасни по предлогот во траење од 15 минути. Новите министри се бираат со мнозинство од вкупниот број пратеници.

По склучувањето на договорот за соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Демократската партија на Турците наскоро до Собранието треба да биде доставен предлог за уште еден нов министер во Владата, а владејачкото мнозинство се зголеми за уште еден пратеник. Исто така новина што премиерот ја соопшти пред извесно време е што во Владата веќе нема да има вицепремиер и министер за добро владеење, туку тие обврски ќе ги преземе лице од неговиот Кабинет. Изборот на заменици министри, како што најави Мицкоски, ќе биде во септември.

Промената на министрите во Владата се случува на половина од мандатот на премиерот Мицкоски. На прес-конференција по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, чиј претседател е, рече дека оваа реконструкција на Владата означува почеток на нова фаза по изминати две години, од работата на оваа Влада, исполнети со сериозни предизвици, поставување темели, стабилизација на состојбите и реализација на крупни проекти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во двата разорни земјотреса во Венецуела достигна 4.490

Sasko Dimovski

(Видео) Најмалку 27 мртви и над 60 повредени во Бангкок – голем пожар „проголта“ ноќен бар

Sasko Dimovski

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе