Вести Македонија Топ вести

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Овие две фотографии се направени во период од десетина дена. На првата се гледа ѕидот целосно, а на втората тој веќе е срушен. При почеток на ископ на темели за гаражи и подруми се срушил преградниот ѕид од соседната куќа во должина од дваесет метири на улицата Дане Крапчев број 5 во Дебал Маало.

Сопствениците на соседната куќа велат дека со него исчезнало и чувството на безбедност. Стравуваат дека доколку ископите продолжат без дополнителна заштита, може да биде загрозен и нивниот дом во кој живеат две семејства.

Тие тврдат дека никој претходно не ги известил дека на соседната парцела ќе се гради. Велат дека при почетокот на ископите паднало дрво и го оштетило преградниот ѕид, а иако веднаш реагирале кај работниците, градежните активности продолжиле. Според нив, ѕидот се наоѓа на нивната парцела и бараат најпрво да се обезбеди куќата, па дури потоа да продолжи изградбата.

„Куќата и дворот преживуваат оштета. Ако продолжи да се гради тогаш и нашата куќа би се срушила. Ова се стари куќи градени во шеесетите години. Не очекувам куќава да издржи ако и натаму се продолжи со работа. Нас ни е страв дека куќата ќе се урне, а во неа сега живеат две семејства. Каде ќе одат тие и што ќе прават понатаму? Ние сакаме да бидеме заштитени и ѕидот да ни се врати во правобитна состојба, а нашата куќа да се обезбеди пред да продолжи да се гради“, вели Дана Стојкова.

Инвеститорот „Александер Инвестмен“ има поинаква верзија. Велат дека геодет утврдил дека ѕидот се наоѓал на меѓата меѓу двете парцели и дека добиле согласност од еден од сопствениците за негово уривање. Тврдат дека ѕидот бил небезбеден и можел да ги загрози работниците, а по завршувањето на изградбата ветуваат дека ќе изградат нов.

„Ангажиравме геодет кој утврди дека ѕидот се наоѓа на меѓата, односно дека е во заедничка сопственост. По добиена согласност од еден од сопствениците, ѕидот беше урнат бидејќи проценивме дека претставува ризик за безбедноста на работниците за време на градежните активности. По завршувањето на изградбата на објектот, на истото место ќе биде изграден нов ѕид“ велат од ДГТУ Александер Инвестмен ДООЕЛ Скопје. 

Но, сепак стравот кај сопствениците останува. Вчера повикале полиција, кои случајот го пријавиле и кај трудовиот и градежниот инспектор. Од Општина Центар побаравме одговор дали инспекторите излегле на терен и што утврдиле при увидот, но до почетокот на овие вести одговор не добивме. Семејството очекува институциите да утврдат дали се почитувани сите процедури.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварскиот парк во кој животот го загуби 14-годишното девојче затворен – истрагата се уште трае

Tea Dimkovska

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Tea Dimkovska

Јаневска: Можно е затворање на пет универзитети и исто толку институти

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе