Вести Македонија Топ вести

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Законот за правична застапеност ќе се носи со мало Бадентерово мнозинство, односно со мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници во салата за време на гласањето. Комитетот за односи меѓу заедниците ја донесе оваа одлука со 11 гласа „за“ и два „против“.

Се спротивставија пратениците од Европски фронт и Албанска лига кои сметаа дека законот треба да се носи со т.н. голем Бадентер или мнозинство од вкупниот број пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници, но нивниот предлог беше одбиен.

  • Европскиот фронт нема да молчи, ние нема да прифатиме да се заобиколуваат уставните механизми само затоа што тоа му одговара на парламентарното мнозинство. Нем ада прифатиме пред граѓаните да се претставува како успех процес што ги ослабува позициите добиени со Охридскиот рамковен договор, изјави Рина Ајдари, Европски фронт.

Пратениците од опозициските партии на Албанците го критикуваа и законското решение, посочувајќи дека со него не се предвидени квоти ниту, пак, како ќе се контролира дали правичната застапеност се почитува, а тоа, велат, ќе има долгорочни последници.

Од „Вреди„ ги потсетија ДУИ дека и Законот за употреба на јазиците бил донесен со мал Бадентер и дека тоа никому не му пречело. Ги повикаа сите пратеници да дадат поддршка за законот.

  • Ова не е закон само на „Вреди„, тој го допира мултиетничкиот карактер на државата и ан сите заедници кои треба да се чувствуваат претставени во институциите на државата. Токму затоа сметаме дека треба да го има целосниот мултиетнички легитимитет и да биде донесен со Бадентер, изјави Зекирија Таири, „Вреди„.

Законот, за кој денеска почна комисиска расправа, го утврдува принципот на мерит-систем или системот на заслуги како доминантен. Во таа смисла, се предвидува дека квалификациите, стручноста и професионалните способности претставуваат примарен критериум, додека припадноста кон одредена заедница може да се земе предвид само како секундарен фактор и тоа исклучиво во случаи кога кандидатите имаат еднакви квалификации.

Притоа, изрично се нагласува дека, правичната застапеност мора да биде пропорционална, соодветна и временски оправдана и не смее да доведе до автоматска примена на етнички критериуми или воспоставување на ригидни квоти при вработувањето. Со ова треба да се обезбеди усогласеност со современите европски стандарди и препораките на Венецијанската комисија.

Законот е во прво читање и се носи во редовна постапка, а според најавите, пред да биде донесен за него треба да има јавна расправа.

Далиборка Демјанска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе