Вести Економија Македонија

Спировски во „Директно“: Неточната декларација на производите е директен ризик по здравјето на граѓаните

Промените во квалитетот на храната и неточното означување на производите претставуваат сериозна закана за јавното здравје, особено за ранливите категории граѓани, предупредува Игор Спировски од Институтот за јавно здравје во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма.

Според Спировски, иако јавноста е често фокусирана на микробиолошката контаминација, пестицидите и тешките метали, најголемиот предизвик за македонското здравство се незаразните болести. Тој посочи дека дури 90 до 95 проценти од смртноста во земјава е поврзана токму со незаразните болести, каде исхраната игра клучна улога.

  • „Микробиолошката контаминација дава акутни последици – ако изедете храна со стафилокок, за шест часа ќе ги почувствувате проблемите. Но, кај неквалитетните производи, негативните својства се акумулираат со години и последиците не се гледаат веднаш,“ објаснува Спировски.

Еден од најголемите проблеми, според него, е доведувањето на потрошувачот во заблуда преку неточни декларации.

Спировски нагласува дека за многу граѓани кои имаат здравствени проблеми, следењето на декларацијата не е прашање на избор, туку на неопходност.

  • „Диетата не значи само рестрикција, туку целоживотен начин на исхрана. Ако потрошувачот кој има одреден здравствен ризик постојано конзумира храна која не е правилно декларирана, тој е во постојана опасност. Декларацијата е комуникација помеѓу производителот и потрошувачот. Ако во таа комуникација има ’шум’ или невистина, потрошувачот е оштетениот,“ додава тој.

Спировски апелира на засилување на контролите врз квалитетот на храната, а не само на нејзината безбедност во смисла на контаминати. Тој смета дека јавното здравје мора примарно да се грижи за најранливите – оние со здравствени проблеми и граѓаните со понизок социо-економски статус, кои се најмногу погодени од ваквите пропусти во производството и означувањето на храната.

  • „Овој начин на контрола мора да се зајакне во иднина за да го заштитиме здравјето на нацијата,“ заклучува Спировски.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе