Вести Македонија Топ вести

Кој беше надлежен и кој потфрли во заштитата на урнатата едновековна куќа во Охрид!?

Куќата на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, изградена во 1927 година  веќе е урната. Додека граѓаните жалат за уривањето на уште една стара градба, институциите со различни ставови околу надлежностите  

 Купишта греди, тули и земја денес се наоѓаат на местото на  препознатливата куќа на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Урната е  за неполни два дена, а врз урнатините е паркиран багерот. Граѓаните се прашуваат дали можеше да се спаси.

  • Многу ми е жал. Не сакам да се уриваат вакви куќи. Тие се споменици на Охрид и лицето на градот, вели охриѓанец.  -Да се уриваат старите градби  е злочин. И во Србија е исто, во Белград се уриваат објекти стари 100 години“, вели туристка од Србија.

Куќата почна да се урива само неколку дена по барањето на иницијативата Охрид СОС за итна привремена заштита, со образложение дека станува збор за вреден примерок со уникатна архтектоснка вредност.  Од Управата за заштита на културното наследство соопштија дека немаат законски ингеренции да постапуваат бидејќи објектот не е под заштита. Иако првично кажаа дека куќата  е во контактната зона на старото градско јадро, потоа соопштија дека  е надвор од неа.

  • Надлежностите на Управата се однесуваат исклучиво на културни добра кои имаат утврден статус на заштита или се во постапка за заштита, согласно важечката законска регулатива. До УЗКН не е покрената постапка за воспоставување заштита на предметниот објект од надлежна установа за заштита , поточно НУ Завод  и музеј – Охрид“, наведуваат од УЗКН.

Од НУ Завод и Музеј – Охрид велат дека     беше планирано куќата да се обележи како објект кој поседува одредени  вреднсоти и  кој заслужува да биде заштитен, а за  уривањето  дознаа од медиумите.

  • „Со рушењето  трајно се губи објект кој дава свој придонес во историскиот, урбаниот и архитектонскиот развој на градот. Грешката ја гледам во недоволна координација и комуникација помеѓу локалната власт и институциите, како и во општата свест за значењето на културното наследство“, вели Горан Патчев, директор на НУ Завод и Музеј – Охрид .

Од Општина Охрид велат дека се е законски. На барање на сопственикот е издадено одобрение за градба, во согласност со важечкиот Детален урбанистички план и Планот за управување. Но,   не одговорија каков објект ќе се гради на местото на урнатата куќа.

Од куќата на улицата „Димитар Влахов“ денес остана само еден ѕид. Багерите го  срамнија со земја гобјектот стар речиси еден век.  Останува отворено прашањето уште колку вакви градби ги чека истата судбина.

Емилија Мисирлевски

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе