Во Македонија не постои законска можност за покренување групни тужби при случаи слични на откритието на инспекциите на редица млечни производи кои не го задоволуваат квалитетот кој го декларирале.
Групната тужба е дел од европското законодавство, но ниту со тековните измени таа не е предвидена во Законот за парнична постапка.
Единствена можност е индивудално тужење за кило сирење со фискална сметка, а ако има илјадници оштетени може да се закочи целиот граѓански суд.
Адвокатот Горан Нациќ за Телма вели дека во случај на загрозена безбедност и здравје, надлежните треба да ги предупредат граѓаните што да не купуваат.
Со адвокатот Нациќ разговараше Миомир Серафиновиќ
Б.С.
