Вести Економија Топ вести

Во земјава најмногу се барале работници во услужните дејности и продажбата

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува  2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика.

Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 проценти.

 

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3.05 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе