Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено од владата соопштуваат дека како резултат на разговорите со компанијата „Окта“, обезбеден е попуст од два денара по литар кој ќе започне да се применува од утре (понеделник, 1 јуни).
Со овие мерки, и согласно владините пресметки, од „Илинденска“ очекуваат цената на дизел горивото да се намали до 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денари по литар. Регулаторнатаа комисија својата финална одлука ќе ја донесе утре.
