Членови на германската бизнис заедница и официјално ќе учествуваат на претстојниот економски форум во Санкт Петербург.
„Сакаме, како и сите големи западни земји, да го одржиме економскиот мост кон Русија и да го заштитиме над 100 милијарди евра вредниот германски имот во Русија“, изјави Матијас Шеп, претседател на Германско-руската стопанска комора, за агенцијата ДПА.
И покрај западните санкции со кои се таргетирани стотици руски компании, организацијата, како и поединци, претставници од САД и Франција, се вратија на настанот во 2025 година, учествувајќи во неговиот бизнис дијалог.
„Западот долгорочно не треба да ја препушти Русија, нејзиниот голем пазар и суривини, на Азија“, нагласи Шеп и додаде дека само Кинезите основале 1.400 нови компании во Русија во првите три месеци од 2026 година.
