Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави оти е подготвен да заземе побавен пристап во преговорите со Иран и покрај загриженоста за економскиот ефект на војната.
Според него, брзање во преговорите може да ги поткопа шансите за постигнување на поволен договор.
„Не брзам. Би сакал да биде побрзо бидејќи, знаете што, цените на бензините ќе паднат. Но, ако брзате, нема да постигнете добар договор“, порача Трамп.
Тој додаде дека администрацијата продолжува да напредува во преговорите и дека останува фокусирана да осигура дека Иран не може да добие нуклеарно оружје.
„Полека, но сигурно, мислам дека го добиваме она што го сакаме“, заклучи Трамп.
