Вести Македонија Топ вести

Пуканки и сокче за секое дете – Општина Центар најавува „Патувачко кино“ на отворено од 2 до 13 јуни

Општина Центар најавува „Патувачко кино“ од 2 до 13 јуни. Парковите низ општината ќе бидат претворени во кино под отворено небо за деца, млади и земејства, најави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Проекциите се предвидени секој ден во 20 часот на повеќе локации.

„Преку филм, дружба и забава, „Патувачко кино“ на најмладите им нуди едно поинакво културно и едукативно искуство. За оваа намена е снимен посебен македонски детски филм составен од кратки приказни, преку кои децата учат за почит, другарство, култура на однесување и мали навики што прават големи разлики“, напиша Герасимовски на Фејсбук.

За секое дете се обезбедени пуканки и сокче, додава Герасимовски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трговската размена меѓу Македонија и Индија за пет години да биде половина милијарда долари – средба на претседателките Силјановска Давкова и Мурму во Скопје

Sasko Dimovski

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе