Дванаесет лица загинаа, а 44 се повредени во две сообраќајни несреќи што се случија ноќеска во Турција.
Осум лица, меѓу кои и бебе, го загубија животот во несреќа на меѓуградски автобус во провинзијата Денизли, на југот на Турција, објавија турските медиуми. Автобусот возел на релација Измир – Анталија, кога на автопатот Денизли – Ајдин, од непознати причини, излетал од патот, удрил во заштитна ограда и се запалил. Полицијата веднаш отвори истрага за причините за несреќата на автобусот со 38 патници и тројца членови на екипажот.
Во верижен судар, пак, кај Бурдур, на автопатот Испарта – Анталија, загинаа четири лица, додека 11 се повредени.
