Шеесет и двегодишен велешанец доби притвор, откако во алкохолизирана состојба физички ги нападнал малолетната ќерка и сопругата. Насилството се случило во семејниот дом вчера изутрина, кога под дејство на алкохол физички ја нападнал и се заканувал на неговата малолетна ќерка и физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга.
„По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил по дејство на алкохол, односно измерени му биле 0,70 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.
Против Л.Н. е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и истиот е спроведен во Казнено-поправна установа „Затвор Скопје“ за издржување на мерката“, соопштија од полицијата.
