Вести Македонија Топ вести

Татко насилник доби притвор по напад врз сопругата и малолетната ќерка

Шеесет и двегодишен велешанец доби притвор, откако во алкохолизирана состојба физички ги нападнал малолетната ќерка и сопругата. Насилството се случило во семејниот дом вчера изутрина, кога под дејство на алкохол физички ја нападнал и се заканувал на неговата малолетна ќерка и физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга.

„По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил по дејство на алкохол, односно измерени му биле 0,70 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

Против Л.Н. е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и истиот е спроведен во Казнено-поправна установа „Затвор Скопје“ за издржување на мерката“, соопштија од полицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе