Четворица луѓе се успешно евакуирани во спасувачка мисија на поплавена подземна пештера во Лаос по 10-те денови заглавени во неа. Уште двајца мажи и натаму се водат како исчезнати и по нив продолжува потрагата.
Во пештерата влегле минатата недела во потрага по вредни минерали пред да бидат заборени од ненадејни поплави кои ги затвориле излезот. Еден од нив успеал да излезе навреме и да ги извести властите за луѓето кои останале зад него.
Спасувачката мисија била овозможена по доволното намалување на нивото на вода во пештерата, по што нуркачи влегле со храна и вода и фолии за загревање. Заборените лица беа извлекувани повеќе од 200 метри нерамни и поплавени премини.
