Дронот што падна врз станбена зграда во Романија за време на напад врз соседна Украина, бил руски, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел.
НАТО ќе процени како да ја зајакне одбраната на Романија и НАТО од закани од беспилотни летала, додадоа од Алијансата.
Во меѓувреме, постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер го осуди „неодговорниот упад“ во колумна на Икс и вети дека САД „ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
