Вести Македонија Топ вести

Потребни се 300 камиони со земја за да се затрупа ископот на „Теодосиј Гологанов“ во Центар

Околу 300 камиони со 2.400 тони материјал ќе бидат потребни за да се затрупа дупката на „Теодосиј Гологанов“ која настана поради свлечиште, а каде требаше да никне петкатница. Ова го покажале последните пресметки. Десетици камиони веќе истурија земја. Но, додека трае санацијата, багерот кои во понеделникот, кога се случи одронувањето, а багеристот се спаси, сè уште е во дупката. Со оглед на тоа дека има најава за влошување на временските услови останува да се види колку од работата ќе може да се заврши денеска. Сепак, од Центар не добивме одговор на прашањата дали има издадено мерки и казни од градежен инспектор, кој бил на боледување во моментот на инцидентот, а другиот од Кисела вода не бил во државава.

Вчера и деканот на Градежен, Јосифовски апелираше да се затрупа темелната јама, затоа што има индиции дека ако не се случи тоа, може да имa опасност и за другите објекти во близина.

Кажа и дека немало ниту надзор на терен, кој имал шанса да реагира и да бара работите да бидат изведени како што треба. Телма се обрати со прашање до компанијата „ХИГХ Конструксион Груп Гостивар“, во сопственост на Исмаил Беџети, која била надзорот. Прво се обидовме телефонски, но бројот кој е испишан на страницата Бизнис мрежа не постои, а на прашањата дали работеле на објектот, вршеле ли надзор и дали можеби имале забелешки кои ги испративме на мејлот, одговори не добивме.

Телма дојде и до документ од кои може да се види дека жители од соседниот објект пред извесно време се обратиле до Државниот инспекторат за градежништво. Побарале вонреден инспекциски надзор со образложение дека помеѓу нивниот објект и новиот треба да има простор од еден метар, но е целосно заграден и постои опасност двата да се залепат.

Од таму им одговориле дека првично треба да постапи Општина Центар од каде, пак, од овластен градежен инспектор кој бил позајмен од друга општина им посочил дека во досегашната фаза на изградба не се забележани отстапувања и нема основ за продолжување на инспекцискиот процес.

Реакции имало поради бучава, се работело и во недела, но и за тоа дека градилиштето излегува на булеварот. Барале општината да преземе мерки.

Пред неколку дена ова градилиште го проголта тротоарот, а дел од коловозот пропадна во дупка.  Одронувањето на земјата во градилиштето однесе и две бандери.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе