Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денеска пред пратениците ја обвини власта за расипништво и побара од премиерот Мицкоски и од министерката за финансии Кочоска, да одговорат дали подготвуваат ново задолжување од околу 350 милиони евра, што ќе значи нова должничка епизода.
Заменик министерот за финасии Николче Јанкуловски пак одговори дека бројките јасно покажувале кој го зголемил долгот. Обвинувајки ја претходната власт и за слабиот економски раст.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
