60 годишен делчевец намерно предизвикал шумски пожар, во „Тафрачко маало“ во с.Бигла. Огнот зафатил површини на девет сопственици.
Пожарот е предизвикан на почетокот на април, а полицијата денеска поднесе кривични пријави против него. Ќе одговора за предизвикување на општа опасност.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“.
На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла“, соопштија од полицијата.
