Uncategorized Вести Економија Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ: Камата за новото задолжување е помала од вашиот рејтинг – СДСМ пак вели „Ако економијата е силна зошто се задолживме?“

Ако економијата е толку силна зошто се задолжуваме со нови 260 милиони евра. Опозицијата со прашања за новиот заем кој денеска го пројде последниот  собраниски филтер, но и за тоа каде е министерката за финансии да дојде во Собранието за вакви точки. Пратеникот од СДСМ Битиќи излезе на говорницата со обвинувања дека со новиот заем е веќе очигледно  дека ќе се поминеме границата на вкупен долг од преку 11 милијарди евра.

Ако економијата е толку силна тогаш зошто на буџетот му е потребна парична инфузија за ликвидност одговорот е затоа што за триумфалната реторика стои исцрпена фискална позиција. Владата бараше 300 милини евра а добил само 260 милиони евра, изјави пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи

Од власта пак откако ги набројаа задолжувањата на нивните претходници,  посочија дека државите од соседството имаат поскапи финансиски пакети од оној кој го склучила земјава.

Колку е вкупната камата денеска ние на работа дојдовме во 10 часот имавме една презентација од ене наш меѓународен партнер таму имаше бројки и рејтинзи на политичката партија јас ќе кажам дека каматата на овој заем е помала од вкупниот политички рејтинг на вашата партија кој што за жал во овој момент е едноцифрен, изјави пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ, Бојан Стојановски

Паралелно се дискутираше и за новата фискална стратегија. Со новите проекции владата го зголеми процентот на инфлацијата, а ја намали прогнозата за економски раст. За опозицијата станува збор за стратегија за преживување. Од друга страна пак заменик министерот за финансии тврди дека е документ за економски развој на среден рок.

Седницата за задолжувањето стартуваше со прашање за тоа каде е министерката за финансии Кочоска . Пратениците од опозицијата посочија дека за вакви сложени прашања наместо да пишува фејсбук статуси треба да е во Собрание. Пратениците од Власта пак објаснуваа  дека е на планирано службено патување.

Лесно е на фејсбук да пишувате статус да разговараме за фискалната стратегија, да разговараме за долгови за задолжување, а од собранието да избегате, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

 

Министерката е на планирано службено патување во Словенија. Најмалку сакам да сум адвокат но бидејчи од вчер апочнавте со оркестриран напад, да ја информираме јавноста каде се наоѓа министерката, повелете имате заменик министер кредибилен.

Новиот заем од 260 милиони евра, планот е да се искористи за капитални проекти буџетски потреби. Каматната стапка е 4, 4 отсто,  рокот за враќање 7 години. Парите ќе бидат обезбедени од неколку банки.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе