Експозитурите за брзи кредити да се оддалечат од казина и обложувалници и да нема реклами од типот, брзи пари, брзи кредити, продавница за пари.
Ваква најава за измените на законот за финансиски друштва имаат во групацијата во рамки на стопанската комора која ги застапува фирмите каде граѓаните можат да земаат брзи кредити.
Од Министерството за финансии не откриваат детали иако премиерот Христијан Мицкоски, пред една недела најави дека се размислува во оваа насока.
Според претседателот на групацијата Никола Јошевски измените сериозно ќе погодат дел од овие друштва, но дека сепак се согласуваат со овие измени.
Пред два дена Министерството за финансии одзеде лиценца на една од фирмите кои се занимава со давање на брзи кредити после вонредна инспекција. Пријавил граѓанин, а инспекцијата утврдила сериозни прекрувања со кои биле ставени граѓаните во ризик.
За групацијата не е се исто што е оставена бе з работа фирма која вработува 100тина вработени, која ќе затвори 40 експозитури а во меѓувреме и граѓаните ќе треба да и ги вратат парите кои ги земале.
Сепак од таму велат дека не е новина, бидејќи од пред две години кога е донесен новиот закон се одземени 11 лиценци.
Инаку целта на законските измени е да се намали ризикот од прекумерно задолжување кај граѓаните, да се обезбеди поголема заштита на потрошувачите и да се зголеми транспарентноста и одговорноста во работењето на финансиските друштва.
Тие имаа рок до 15 мај да ги повлечат нападните кампањи особено во делот за кредити со 0% камата. До сега од почетокот на годинава има 22 парични казни за 16 друштва, и 23 наредби да се отстранат неправилности.
Блијана Николовска
