Вести Економија Топ вести

Пазарна заврши со контролите, доматите и краставиците поевтиниле, кај некои производи од увоз има минимално зголемување на цената

Пазарните инспектори не утврдиле значително поскапување. Забележале минимално поместување на цените  кај некои производи, ова за Телма го соопштија од Пазарен инспекторат.

Контролите на испекторите во 10 тина големи ланци маркети и на над 100 прехрамбени и непрехранбени производи покажале дека каи некои млечни и месни производи кои се од увоз има зголемување на цените од 1 до 5 отсто. Исто и кај некои детергенти е утврдено дека има минимално покачување.

Од друга страна пак инспекторите утврдиле и дека има поевтинување кај краставиците и доматите, поризвдоите кои периодов беа најмногу коментирани од граѓаните поради нивната висока цена која надминуваше  200 денари, па и 300 денари за килограм.

Од пазарна сега велат дека забележале како  доматите се продаваат по цена од 120 до 180 денари, а пониски биле и кај краставиците. Анализата на цените е направена во споредба со први април односно со периодот пред Велигден. Документите од контролите се доставени до Министерството за економија кое чекаше да ги види за да се одлучи дали и со какви мерки би се делувало, со оглед на тоа што инфлацијата два месеци по ред расте и последно статистика измери инфлација во април од 5, 7 отсто во однос на април лани.

Од ДПИ,  уверуваат дека маркетите барем за сега се трудат да ги заджрат цените на некое ниво со оглед на случувањата и скокот на цените на нафтата. Тврдат и дека забележале намалување на некои профитни маржи.

Во следните денови ќе се контролираат и  дистрибутерите и производителите.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе