Денес треба да стане познато дали ќе се одржи седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која е заглавена расправата за новиот заем од 260 милиони евра.
Прашањето за закажување на седницата останува отворено по барањата од владејачкото мнозинство. Тие побараа од претседателот на Собранието и од претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, итно да се закаже седницата. Доколку тоа не се случи, постои можност седницата да ја закаже претседателот на Собранието, а со неа да претседава пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициските партии СДСМ и Левица се против новото задолжување.
Од СДСМ наведуваат дека државниот долг веќе достигнува 11 милијарди евра и дека новите кредити ќе ги оптоварат идните генерации, додека од Левица предупредуваат на високи трошоци и камати поврзани со заемот.
