Вести Економија Свет Топ вести

ЕУ постигна привремен договор по однос трговските односи со САД

Постигнат е договор од страна на претставници на земјите членки на ЕУ  за спроведување на контроверзниот царински договор со САД.

Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека има привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД.

Под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп, преговарачите се согласија да ги укинат преостанатите царини за американската индустриска стока и да овозможат подобар пристап на пазарот за американските производи од рибарството и земјоделството.

Во соопштението се наведува дека, за да се обезбеди ефикасно спроведување на договорот и заштита на интересите на ЕУ, е договорен засилен заштитен механизам што ќе овозможи суспендирање на царинските поволности доколку САД го прекршат договорот.

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија во Европскиот парламент, Бернд Ланге, изјави дека „патот бил тежок, но вреден“, додавајќи дека ефектите врз европската економија повторно ќе се разгледуваат до крајот на 2029 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе