Вести Економија Свет Топ вести

Европската унија ги убедува туристите да не ги откажуваат своите патувања и годишни одмори

ЕУ апелираше до туристите и патниците да не ги откажуваат своите патувања и годишни одмори, од страв дека ќе има нарушувања во авионскиот транспорт поради наводен недостаток на авио гориво. Брисел ги уверува потенцијалните туристи дека европското законодавство ги заштитува нивните права во случај на откажани и одложени летови. Еврокомесарот за транспорт Апостолос Цицикостас  по состанокот на министрите за транспорт на земјите членки во Кипар, уште еднаш се обиде да ја смири јавноста инсистирајќи дека во моментов гориво има доволно и нема никакви индикации дека нарушување на испораките.

Иако треба да се подготвиме за најлошото сценарио, исто така треба да се воздржиме премногу негативни и предупредувачки пораки кои создаваат збунетост, па дури и паника во јавноста. Тоа е многу важно. Сите правиме сѐ што можеме да го предвидиме и ограничиме влијанието во оваа тешка ситуација. Сепак, ако нашите граѓани, или потенцијални туристи од трети држави немаат доволно доверба да ги закажат своите патувања и годишни одмори, наскоро ќе нѐ погоди а ние треба не треба да дозволиме да влеземе во таа спирала. Покрај тоа, нашата легислатива, европската легислатива ги заштитува патниците во секое сценарио. Тие со сигурност можат да прават планови за летото знаејќи дека ќе бидат заштитени во случај да има нарушување, изјави цицикостас од состанокот во кипар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе