Воениот конфликт на Блискиот исток ги влоши економските прогнози на земјите. Па, така фондот за Македонија прогнозира инфлација од 4, 5 отсто. Исто колку Босна нешто пониска од Србија која се очекува да има највисока инфлација во регионов од 5, 2 проценти.
Од ММФ сметаат и дека растот на македонската економија ќе биде 3,1 отсто, додека владините проекции се пооптимистички 3, 8 проценти. Во регионот најголем раст се очекува да испорача Албанија.
Од Фондот предупредуваат и дека ако потрае воениот конфликт светото ќе мора да се подготви за тешки времиња. Најпогодени ќе бидат увозно зависните земји и оние кои немаат многу простор за поддршка на граѓаните и стопанството.
Апелираат мерките кои ќе ги креираат државите да бидат насочени кон најранливите категории.
Воениот конфликт удри и по јавниот долг. Прогнозите се дека за прв пат по втората светска војна да надмине 100 отсто од БДП во 2029 година.
