Застрашувачки избор, богата и ригорозна настава, строги кодекси… Врвните универзитети се познати по својата непопустливост. Нивната цел: да ја обучат утрешната елита. Студентите мора да се истакнат во својата област: доброто не е доволно добро, тие мора да бидат најдобри. Но, како можат да го одржат чекорот во оваа трка за успех?
Од приватниот интернат Мајо колеџ во Индија до Националното циркуско училиште во Монтреал, преку врвниот универзитет за воено инженерство во Париз и винската школа, овој филм ги отвора вратите на некои од најпрестижните установи во светот. Во текот на една година, го следиме секојдневниот живот на неколку студенти водени од големи надежи. Дали ќе можат да одолеат на притисокот и успешно да ги спроведат овие врвни програми за обука?
