Документарни

ЧИЛЕ: ЗЕМЈА НА ЕКСТРЕМИ – сабота, 11 април 2026 – 16:20

Чиле поминува низ социјална и еколошка криза која го расцепува општеството. Богата земја на која ѝ завидуваат нејзините осиромашени соседи, таа поминува низ миграциска криза од невидени размери. Населбите се множат. Несигурноста и криминалот експлодираат, создавајќи невидени тензии во општеството. Долго привилегираната средна класа се наоѓа фатена помеѓу екстреми.

Чиле е малку познат како земја со колосално минерално богатство: водечки светски производител на бакар. Пустината Атакама е дом на најголемиот отворен рудник во светот. Чиле, исто така, има рудници за литиум и манган, а поседува и некои од најпродуктивните фарми за лосос и морски производи во светот.

На чело на оваа економија се големи индустриски групи, повеќето во сопственост на стари чилеански семејства. Некои го стекнале своето богатство во 70-тите години, благодарение на блиските врски со режимот на генерал Пиноче. Меѓу нив, семејството на Перез Круз, кое ни ги отвори вратите. Ова семејство има монопол врз дистрибуцијата на гас и создаваат мала чилеанска елита која има намера да ги брани традиционалните вредности.

Друга загриженост се ефектите од глобалното затоплување и загадувањето генерирано од рударската и текстилната индустрија, особено во земја со толку сурова клима. Во некои региони, повеќе не врне дожд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВО СТОМАКОТ НА ГРАДОТ – НАСКОРО

Promo Telma

АЈДЕ СИТЕ НА ПЛАЖА – НАСКОРО

Promo Telma

ПЈОНГ ЈАНГ СЕ ЗАБАВУВА -сабота, 04 јули 2026 – 17:20

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе