Вести Македонија Топ вести

Реновирани шест хируршки сали на трауматологија, урологија и детска хирургија

Денеска беа пуштени во употреба  шест реконструирани операциони сали  од кои две на Клиниката ТОАРИЛУЦ (оддел трауматологија), две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија.

Директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Игор Мерџаноски рече дека се реновираат уште четири..Проектот за обнова на 10 операциони сали чини вкупно 282 милиони денари.

„Нашите специјализанти, млaди доктори кои ги праќаме на обука во странските центри ќе имаат можност да работат во истите услови во кои што работат сите светски доктори.“ рече д-р Мерџановски.

Според министерот за здравство Азир Алуи, салите се со светски стандарди..

„Сали коишто навистина имаат светски квалитет, сали коишто имаат гаранција 100 години на инфраструктурата внатре, мобилни сали коишто исто така ќе можат и телемедицина да се вгради, сѐ со цел да може и асистенција од надвор, но исто така и да се овозможи учење од далечина, за да може нашите студенти од амфитеатар да следат дел од операциите, а да не бидат дел од физички дел на оперативните сали“, рече министерот за здравство Алиу.

 

На Клиниката за ТОАРИЛУЦ е обезбедена и комплетно опремена нова хируршка опрема, која опфаќа нови анестезиолошки машини, операциони светла и монитори, нов мобилен рендген апарат, како и апаратура за бескрвни операции на дланка и нога со запирање на протокот на крв. Поставен е и нов систем за вентилација и внес на воздух.

Во салите на Клиника за урологија се обезбедени два најсовремени апарати, од кои едниот за биопсија на простата (ова е единствен ваков апарат на Балканот и вакви апарати има само во најразвиените уролошки центри) на кој се врши таргет-биопсија односно исклучително прецизно се таргетира само сомнителното ткиво. Исто така, обезбеден е и ласер за енуклеација на простата, односно за изведување бескрвна операција.

Во проектот е  влезена и нова хируршка сала во Ургентниот центар, која ќе помогне да се зголеми бројот на еднодневни операции.

„-Таа ќе се користи како сала што ќе помогне сите пациенти што имаат инфекции и треба да им се извршат ампутации на екстремитетите. Тие се „шетани“ низ државата. Сега ќе имаме можност тие да бидат комплетно изолирани надвор од хируршкиот блок и да се работат во одделна сала каде нема да ги загрозат другите пациенти што треба да се оперираат – рече д-р Мерџановски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе