Вести Македонија Топ вести

Зголемени се казните за силување на малолетничка, но првообвинетиот велешанец сега е во бегство

Зголемени се затворските казни на сите 13 велешани осудени за силување на малолетничка, дознава Телма. Кривичниот суд сите ги осуди во ноември 2024год. за виновни за сексуално злоставување на девојче кое не наполнило 14 години.

Највисоката казна беше пет и пол години, додека најниската условна осуда. Сега на првообвинетиот Стефан Димовски казната затвор од 5 и пол години му се зголемува на 8 и пол години.  Второобвинетиот Дејан Спасиќ кој првично беше осуден на четири години затвор сега доби казна од шест и пол години. Повисоки казни има и кај трето и четврто обвинетите од четири на осум и пол години односно на седум и пол години затвор. Кај останатите осудени казните се движат од 1 до 6 години.

Но според информациите на Телма, првообвинетиот Димовски од пред една недела не и е достапен на полицијата. Тој имаше мерка куќен притвор, а претходно даде гаранција во имот од 70 илјади евра. Одлуката за гаранцијата ја донесе скопскиот апелационен суд во декември 2023 година, односно само што започна судењето против велешаните. Тогаш за овој суд висината на гаранцијата беше доволна за обезбедување присуство на обвинетиот. И по пресудата, немаше промена на мерката туку му се продолжи куќниот притвор.

Од скопскиот кривичен суд сега потврдуваат дека Димовски не е достапен па поради ова мерката куќен притвор му е заменета со ефективен. И четвртообвинетиот бил фатен надвор од домот па и нему му е заменет куќниот притвор.

Точно е дека првообвинетиот во овој случај не бил достапен на органите за прогон, па Кривичниот суд Скопје е изветен за ова по што му е изречена мерка притвор. Што се однесува за четвртообвинетиот тој не бил пронајден во неговиот дом, но полицијата успеала да го лоцира, па и за него е преиначена мерката од куќен и тој е спроведен во затворски притвор“, соопштија од  Кривичниот суд – Скопје

Од МВР за Телма велат дека за Димовски е распишана централна потерница и се преземаат мерки за неговово пронаоѓање.

Инаку дел од групата од 13 лица,  се товареа за трговија со дете, дел за полов напад и силување, а само еден од нив доби обвинителен предлог за „Производство и дистрибуција на детска порнографија“. Според обвинението првообвинетиот го намамил девојчето со кое контактирале на Инстаграм да се видат во стан во Велес. Таму биле присутни и дел од другите осудени по што ја злоставувале жртвата и снимале. Подоцна ја уценувале со видеата за да го повторат делото.

Инаку во моментов и оштетената е осудена и во бегство. Таа во меѓувреме предизвикала сообраќајна незгода со смртни последици и е осудена на 5 години затвор. Судот во Кавадарци ја осуди во отсуство, но беше пронајдена во Германија каде е во екстрадиционен притвор. Според информациите на Телма се уште е рано да се донесе одлука дали ќе биде екстрадирана во земјава.

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако руски аташеа беа протерани под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Граѓаните штедат, ама и се задолжуваат

Sonja Petrusevska

Владин заклучок без ефект, институциите и натаму со милионски долгови за струја и парно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе