Вести Македонија Најважни

Савески не сака да ги коментира изјавите на Мицкоски

„Не очекувајте од мене да коментирам ничии изјави“, рече денеска државниот обвинител Ненад Савески, откако премиерот Христијан Мицкоски вчера на собраниска седница ги испорача своите очекувања од работата на новиот обвинител.

„Работата на јавното обвинителство вклучително и на јавниот обвинител и неговите надлежностите произлегуваат од законските регулативи“, додаде Савески.

Инаку, премиерот Христијан Мицкоски на седницата на пратенички прашања јавно му испрати порака на Савески кои предмети очекува да бидат завршени. Тој кажа  дека нема да се смири додека не добие одговор како и по кој закон екс предметите од СЈО биле префрлени во редовното обвинителство, а го посочи и  предмeтот за бонусите на СЈО.

„Јас нема да се смирам додека не добијам одговор на каков начин и по која методологија и по кој закон тогаш затвореникот Катица Јанева повторно ги оживеа овие предмети. Тоа е важно за иднината на оваа држава и за правосудниот систем. За колкави дополнителни примања и бонуси станува збор за таканаречните специјални јавни обвинители  и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага и во судовите. Ако се невини, ако не направиле криминал или злоиупотреба нема од што да се плашат? “, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски му ги испорача своите очекувања на новиот јавен обвинител Савески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе