Многу очекувања и пораки му испрати премиерот Мицкоски на новиот државен обвинител Савески од собраниската говорница. Меѓу клучните и тоа дека нема да се смири додека не добие одговор како и по кој закон екс предметите од СЈО биле префрлени во редовното обвинителство, а го посочи и предмeтот за бонусите на СЈО.
„Јас нема да се смирам додека не добијам одговор на каков начин и по која методологија и по кој закон тогаш затвореникот Катица Јанева повторно ги оживеа овие предмети. Тоа е важно за иднината на оваа држава и за правосудниот систем. За колкави дополнителни примања и бонуси станува збор за таканаречните специјални јавни обвинители и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага и во судовите. Ако се невини, ако не направиле криминал или злоиупотреба нема од што да се плашат? “, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот очекува одговори од државниот обивнител и за предметот за 27 април. Како им се судело на обвинетите, врз основа на кои докази и како се изнудуваа изјави од заштитените сведоци?
„И јас очекувам лично од новиот државен јавен обвинител да излезе со јасна информација во јавноста значи ден тој и тој тоа се случило ден, тој и тој тоа се случило“, рече премиерот Мицкоски.
Мицкоски му порача на Савески да ги извади од фиока сите предмети кои се чувале до сега кои најверојатно се неколку стотици и да се истражат
На крај испрати и апел дека не треба да има повластени и да води истраги за сите за кои има сомнежи за криминал.
Ова не е прв пат Савески да добива вакви пораки од политичари. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ и на денот кога го избраа мегу другото му порачаа дека треба да рачисти со последиците од СЈО. Следниот ден на новинарските прашања тој рече дека секој има право на очекувања но и дека нема да работи според тоа кој како го повикал туку предвид ке ги има Уставот. законите и меѓународните стандарди.
