„Не очекувајте од мене да коментирам ничии изјави“, рече денеска државниот обвинител Ненад Савески, откако премиерот Христијан Мицкоски вчера на собраниска седница ги испорача своите очекувања од работата на новиот обвинител.
„Работата на јавното обвинителство вклучително и на јавниот обвинител и неговите надлежностите произлегуваат од законските регулативи“, додаде Савески.
Инаку, премиерот Христијан Мицкоски на седницата на пратенички прашања јавно му испрати порака на Савески кои предмети очекува да бидат завршени. Тој кажа дека нема да се смири додека не добие одговор како и по кој закон екс предметите од СЈО биле префрлени во редовното обвинителство, а го посочи и предмeтот за бонусите на СЈО.
„Јас нема да се смирам додека не добијам одговор на каков начин и по која методологија и по кој закон тогаш затвореникот Катица Јанева повторно ги оживеа овие предмети. Тоа е важно за иднината на оваа држава и за правосудниот систем. За колкави дополнителни примања и бонуси станува збор за таканаречните специјални јавни обвинители и зошто се плашат овој предмет да влезе во фаза на истрага и во судовите. Ако се невини, ако не направиле криминал или злоиупотреба нема од што да се плашат? “, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски му ги испорача своите очекувања на новиот јавен обвинител Савески
