Вести Економија Македонија

Телеком воведува Magenta 1 Unlimited со неограничен интернет и вклучен роаминг 

Македонски Телеком воведува ново портфолио Magenta 1 Unlimited и Magenta 1 Business Unlimited, со кое на корисниците им нуди неограничен интернет, разговори и СМС за поголема слобода во комуникацијата.

Во сите тарифи е вклучен и роаминг интернет, со можност за користење до 15 GB во Extra пакетот во повеќе од 60 земји, за корисниците да останат поврзани и кога патуваат.

Новите пакети овозможуваат и гигабитни оптички брзини преку мрежата на Телеком, како и ексклузивни попусти преку Magenta Moments, со кои корисниците можат да заштедат над 600 денари месечно по линија.

Дополнително, со WiFi booster се овозможува силен и стабилен интернет сигнал во секое ќоше од домот.

Според Телеком, станува збор за нов комуникациски концепт, прв од ваков тип на пазарот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе