Вести Македонија Топ вести

Николовска за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане: Ако ова се случеше во Скопје, 737 жени ќе беа жртви и никој немаше да забележи

Новинарката Билјана Николовска, која работела на сторијата за осомничениот сериски убиец од кумановско, посочува дека истражувањето открило сериозни пропусти во постапувањето на институциите.

Таа открива дека во еден од случаите, кога 35-годишната Марија Маринковска била пронајдена мртва во својот дом на 19 јануари, првично била констатирана природна смрт. Докторот кој го потпишал наодот бил на замена, а сведоци тврдат дека една од докторките сепак се посомневала на насилна смрт. Сепак, според нив, полицијата ги натерала родителите и блиските роднини да потпишат дека нема да бараат обдукција, по што телото било погребано. Подоцна, по барање на Обвинителството, била извршена ексхумација и обдукцијата утврдила дека се работи за убиство.

Николовска вели дека токму ваквите пропусти покажуваат како со месеци можело да остане незабележано дека повеќе жени умираат во исти околности.

„Мислам дека можеме да снимиме филм со масовниот убиец. Не знам како можело тоа да трае повеќе од седум месеци, се преиспитува дека можело да трае и цела година. И никој да не забележи дека жени починуваат во своите домови и сите да констатираат – природна смрт“, вели Николовска.

Таа додава дека истрагата покажала дека жителите, особено жените од селата во општина Старо Нагоричане, почнале први да алармираат дека нешто се случува.

„Жителите, таму посебно жените, почнале да објавуваат по групи и да го означуваат МВР дека нешто се случува таму и зошто жени починуваат“, посочува Николовска.

Во текот на новинарското истражување, како што вели таа, до нив пристигнувале и документи за осомничениот, меѓу кои и допис од училиштето каде што учел, во кој било наведено дека уште тогаш покажувал проблематично однесување. Дописот бил испратен до социјалните служби, но, како што тврдат, никогаш не добиле одговор.

Т.Д.

Сторија на ТВ Телма за осомничениот сериски убиец во кумановско

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Јаделе во таверна, завршија во болница: Деветмина заразени со салмонела во Атина

Kristina Kuzmanovski

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе