Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Нема официјална понуда за брзо проширување на ЕУ

Откако идејата за брзо зачленување на Украина во ЕУ, заедно со земјите од Западниот Балкан, без право на глас и вето, кој пред околу две недели ја обелодени премиерот, Христијан Мицкоски, која тој денеска ја нарече идеја од ходниците на ЕУ, а која во средата во Брисел беше остро одбиено од четири земји-членки, Мицкоски денеска не сакаше да открие какви се други планови се кројат во Брисел за брзо проширување.

  • „Дали дел од тие сценарија ќе бидат реализирани и кое сценарио ќе биде реализирано, да почекаме да видиме каков ќе биде исходот од сето тоа. Тоа што се зборува во ходниците, дали прво ќе биде преточено во предлог, а второ дали тој предлог потоа земјите-членки ќе го прифатат. Така што, секоја друга дипломатска или политичка егзибиција, изјава или било каква реторика од страна на владата, во овој момент не само што може да ги наруши нашите позиции, туку и би била неодговорна и кон граѓаните и кон државата“, рече Мицкоски.

Мицкоски притоа не откри што би било прифатливо за земјава во едно брзо проширување, по примерот на соседните држави кои отворено кажуваат дали би прифатиле членство без привилегии или не. За тоа што е друго понудено во Брисел, освен сценариото кое беше одбиено, Мицкоски кратко одговори:

  • „Официјално ништо“, рече Мицкоски.

Пред два дена министерот за европски прашања, Беким Сали во интервју за Топ Тема, рече дека за земјавата е прифатливо во било која форма да стане членка на ЕУ.

  • „Отворени сме за сите форми. Нормално тоа што треба да го сработиме ние го работиме интензивно, меѓутоа доколку има опција согласни сме да бидеме дел од тие опции. Тоа е тоа што премиерот го кажал – можно е зачленување. Јас еве ќе го потврдам дека можно е во 2027 година да има различен пристап кон зачленување, а крајниот зборо го имаат членките на ЕУ“, реч Сали.

Инаку во средата на вечера на амбасадорите од членките на ЕУ и Европската комисија, експресно била отфрлена идејата за „обратно проширување“, односно добивање членство, а потоа постепено добивање на привилегиите кои одат со тоа, како што земјите ќе ги исполнуваат условите. Амбасадори од четири земји-членки цврсто се спротивставиле на тоа. Како што објави тогаш „Политико“ во пресрет на вечерата циркулирале четири опции за забрзано проширување.

Инаку Европската комисија освен брзото членство сака да се обезбеди дека ниту една идна земја-членка нема да прерасне во „нова Унгарија“. Таа размислува за долгорочни заштитни мерки во договорите за пристапување за да се осигури дека Унијата може да одговори ако земја заостане во демократијата или владеењето на правото. Црна Гора би можела да биде првата на кое би се испробал тој модел, иако како што изјавуваат од Европската комисија, се уште не е почнато да се работи на таквите правила.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бурнам ја потврди британската поддршка за Украина на средба со Зеленски

Kristina Kuzmanovski

Двајцата преживеани ги идентификуваа телата на петте загинати планинари – наскоро ќе бидат транспортирани од Русија во БиХ

Дејан Дејан

(ФОТО) Пожарите беснеат околу Мадрид

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе