Иранското Собрание на експерти постигна консензус за тоа кој ќе го замени врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи – но се уште има некои „пречки“ за негово назначување. Информациите за наследникот се една од најстрого чуваните државни тајни во Иран, но во последно време протекуваат сè повеќе детали. Најмногу се шпекулира дека „консензусот“ се однесува на Моџтаба Хамнеи, вториот син на Хамнеи. Во однос на неговото назначување постојат неколку пречки.
Преносот на власта од татко на син е идеолошки проблематична, бидејќи тоа би личело на враќање на монархијата, само под верскиот превез.
За да се биде Врховен лидер, мора да има висок верски авторитет, но тој не е многу ценет кај високите свештеници во градот Ком. Собранието на експерти има „комисија од тројца“ која ја чува тајна листа на кандидати.
Се верува дека на таа листа, покрај Моџтаба, има и неколку помалку познати имиња од свештенството, кои служат како „резервни варијанти“ доколку отпорот против Моџтаба стане преголем.
Израелската војска веќе се закани дека ќе ги нападне сите наследници на Хамнеи.
Во Иран, денеска нафтените депоа беа погодени од интензивно американско- израелско воздушно бомбардирање, а локалното население пријавува повеќекратни експлозии. Техеран е обвиен во густ црн чад. Напади се пријавени низ целиот Залив додека војната влегува во втората недела
Иранскиот претседател се закани дека ќе ги засили нападите врз американски цели низ целиот Блиски Исток, за него се незрели претпоставките на Трамп дека со извинувањето кон соседите Иран се предаде.
- „Разговорите што ги имавме вчера сугерираат дека разбирањето на ситуацијата од страна на непријателот се базира на незрели претпоставки. Непријателот сака да бидеме во конфликт со исламските земји и да создаде поделби меѓу нас и другите нации. Постојано повторувавме – а тоа беше и намера на Врховниот лидер – дека се сметаме за браќа со нашите соседни земји и дека нашите односи со нив треба да останат силни. Сепак, она што се случува е дека ако која било земја започне напад врз нашата територија, природно ќе бидеме принудени да одговориме“ – Масуд Пезешкијан, ирански претседател.

Италија, Франција, Германија и Обединетото Кралство се во тесен дијалог – големата четворка преку засилена дипломатија заеднички се справување со оваа криза. Иако италијанската влада распоредува фрегата на Кипар, сепак Рим не е дел од конфликтот, потенцира премиерката Мелони.
- Со францускиот претседател Макрон, германскиот канцелар Мерц и британскиот премиер Стармер, се согласивме за потребата да работиме заедно за да избегнеме понатамошна ескалација колку што е можно повеќе и да придонесеме за меѓународната стабилност. За да ја обезбедиме безбедноста на границите на Европската Унија, распоредивме и италијанска фрегата на Кипар, чин на европска солидарност, но пред сè на превенција – Џорџа Мелони, премиерка на Италија.
Во истовреме норвешката полиција истражува потенцијална експлозија пред амбасадата на САД во Осло рано утрото, каде нема повредени. Полицијата добила пријави за „силен тресок“ или експлозија околу 1 часот наутро, соопшти полицијата во Осло. Други детали не се соопштени.
Билјана Ставрова
