Вести Економија Топ вести

Вработени во Бехтел и Енка добиле откази иако имале важечки договори – од компанијата велат платено им е за досега извршената работа

Педесетина работници пред се од тетовско-гостиварскиот регион ангажирани на изградба на Коридор 8 од страна на Бехтел и Енка, добиле откази, а велат дека договорите за работа не им се истечени.

Кога утринава дошле на работа во базата на Бехтел и Енка на автопатот Тетово-Гостивар, педесетината работници биле известени дека нема да бидат ангажирани понатаму во градењето на Коридорот 8. Тие одржаа и протестен собир со цел да го искажат револтот со оглед дека голем дел од нив имаат важечки договори.

  • Има колеги кои што имаат до четврти, петти, шести, седми месец имаа договор ни рекоа толку. Значи од државата како не дава средства финансии и заради тоа ние немаме вика средства вика да ве држиме вика да ви даваме плата вика и затоа ве отпуштаме– изјави Стојанче Ристовски.

Работниците велат дека на работа се останати претежно странски државјани.

  • Тие што се Индијци нема никој избркано значи само македонските државјани се избркани странските државјани. Има странски државјани, работат, тие се поголем дел  од нас, објаснува Ристовски.
  • Наши работници значи, Македонци, Албанци од Македонија ние не сме ни 5 посто тука, значи требаше 70/30, туку е контра значи ние ни 5 посто не сме тука вработени и сите ден денеска добија отказ, значи не бркаат од работа – Јетон Фариу.

Министерство за транспорт и Јавното претпријатие за државни патишта како и од Владата, велат дека подмирени се сите побарувања од Бехтел и Енка и сметаат дека за работните односи немаат обврски.

  • Владата не должи нути фенинг, нуту денар кон компанијата Бехтел и Енка. Така што работниците своите права треба да ги бараат во менаџментот на Бехтел и Енка и оние кои што го потпишаа тој договор со Бехтел и Енка- изјави Христијан Мицкоски, премиер. 

Од Бехтел и Енка за Телма потврдуваат дека се им е платено за досега извршената работа, но не прецизираат зошто ги отпуштиле работниците.

  • „Тесно соработуваме со Владата на Северна Македонија за да ги усогласиме градежните активности со тековните национални приоритети. Ова вклучува прилагодување на нивоата на работна сила во различни фази од проектот за да се задоволат оперативните потреби, Бехтел и Енка.

Воедно велат дека со Влада продолжуваат да работат на градењето автопати низ државата и оценуваат дека Коридор 8 има добар напредок.

Александар Самарџиев

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе